Top Sport

Рајола открива зошто Халанд не заминал во Јувентус

Ерилнг Халанд во јануарскиот преоден рок од Салцбург за сума од 20 милиони евра се пресели во Борусија Дортмунд. „Милионерите“ погодија со неговиот трансфер, Норвежанецот на досегашните 13 натпревари има постигнато 12 голови. Во договорот на Халанд постои клаузула за откуп од 75 милиони евра која ќе биде активирана во 2021 година.

Голем број за клубови се интересираа за Халанд во зимскиот преоден рок. Еден од нив според медиумите бил и Јувентус. Зошто напаѓачот не размислувал за преселба во Торино открива неговиот менаџер Мино Рајола.

„Зошто Халанд не замина во Јувентус? Поради тоа што тие веднаш ќе го префрлеа во резервниот тим“, рекол контроверзниот менаџер.

Scroll to Top