Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба не планирал да го напушти „Олд Трафорд“ тврди неговиот менаџер Мино Рајола.
Францускиот репрезентативец три месеци беше повреден, во тимот се врати на натпреварот во Вотфорд, потоа играше и против Њукасл, а го пропушти натпреварот во Барнли. Во клубот се сигурни дека тој ќе игра в среда против Арсенал.
Додека се рехабилитираше од повредата медиумите го најавуваа неговото заминување од „Олд Трафорд“.
„Пол секогаш го почитувал Јунајтед, исто така и клубот покажувал почит кон него. Треба да слушате што зборува Оле. Јас стојам зад она што го кажува Солскјер. Пол нема да оди никаде и тоа е во ред“, рекол Рајола.
Јунајтед во моментов се петти во Премиер лигата со четири поени помалку од Челси.
„Се надевам дека ќе се борат за трофеите. Дали е тоа чудно? Дали сум само јас загрижен? Мислам дека сите навивачи на Јунајтед се згрижени“, заклучил Рајола.
„Црвените ѓаволи“ на 1 јануари ќе гостуваат кај Арсенал. Натпреварот ќе започне во 21 часот.