Агентот на Матијс де Лихт, контроверзниот Мино Рајола има план да го продаде дефанзивецот на Ајакс на Ливерпул или на Пари Сен-Жермен, тврди германскиот „Билд“.
Иако се верува дека повеќе клубови се во игра за талентираниот Холанѓанец, како Манчестер јунајтед, договорот со клубот од „Олд Трафорд“ наводно пропаднал бидејќи тие не сакаат договор со Рајола, додека каталонското радио „РАЦ1“ тврди дека обидот на Барселона да го земат Де Лихт не успеал бидејќи Рајола сакал да добие 20 отсто провизија од договорот.
Сега, каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Ливерпул и Пари Сен-Жермен се најсериозните кандидати за потписот на Холанѓанецот, бидејќи Рајола преферира да има договор со нив.