Top Sport

Рајола: Сега Златан ќе работи за мене!

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ има „минимум од пет-шест години“ игра, вели неговиот агент Мино Рајола. Доколку се оствари ова храбро предвидување, Швеѓанецот би играл до својата 42. година.

36-годишниот Ибрахимовиќ, кој постигна 28 гола минатата сезона, доби сериозна повреда на коленото во април, меѓутоа бргу се опорави и Јунајтед му дадоа уште едногодишен договор.

Шпекулациите велат дека тој би се вратил на теренот уште во декември. Рајола вели дека Ибра е „долготраен“ и се шегува дека Швеѓанецот сега треба да му врати за напорната работа во текот на неговата кариера.

„Тој има уште многу во себе. Мислам минимум уште пет или шест години. Нема да го оставам да сопре, бидејќи сега мора да работи за мене. Јас работев за него неколку години, сега мене ми е редот. Моите деца пораснаа и ми требаат пари. Се согласивме дека сега ќе работи за мене. Платата доаѓа кај мене, а провизијата кај него“, се пошегува Рајола.

Scroll to Top