Top Sport

Иран суспендира двајца репрезентативци, пушеле наргиле

Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Иран суспендира двајца репрезентативци, Варија Гафури и Мосен Мосалман, откако на социјалните мрежи се појавиле слики на кои тие двајца пушат наргиле.

Фудбалерите целиот случај го нарекле „завера“, бидејќи сликите биле анонимно поставени на интернет. Фудбалерите побарале темелна истрага.

Мосалман рекол дека фотографиите датираат од пред две години и дека тој тогаш не пушел, додека Гафури негира дека било кога во животот пушел наргиле, односно дека станува збор за монтажа.

Гафури го замолил својот тренер Винфирд Шефер да застане на негова страна.

Наргилето е омилено во Иран, особено меѓу непушачите и младите кои веруваат дека таквото пушење не е штетно за организмот бидејќи не инхалира.

Сепак, Министерството за здравство на Иран не се согласува со таквата констатција и минатата година со закон го забрани пушењето наргиле во сите ресторани.

Scroll to Top