Top Sport

Следната сезона 6 спринт трки во Ф1, наскоро стануваат постојани?

Формула 1 шампионатот ќе има шест спринтерски трки следната сезона, потврди спортскиот директор Рос Браун, најавувајќи дека во иднина ова може да биде постојан дел од Ф1 викендот.

Концептот на спринтерски трки се тестира оваа година со три викеди во кои во саботите се возат овие спринтерски трки и Браун смета дека се работи за успешен експеримент. Досега спринтерски трки се возеа во Силверстоун и Монца, а третпат ќе се вози на Интерлагос во Бразил. Со овој формат на викендот, во петок се возат квалификации за спринтерската трка во сабота, која пак го утврдува стартот на ГП, а се доделуваат и поени во формат 3-2-1 за првите тројца.

„Досега постојан коментар меѓу фановите и возачите беше дека човекот со најбрз круг со ниско гориво ја освојува пол-позицијата.  Тоа не го разгледувавме доволно и најверојатно ќе се вратиме на такво одредување на стартот. Во петокот би имало пол-позиција за целиот викенд и оптимист сум за иднината. Промените ќе бидат конзервативни и еволутивни, со дискусија со возачите, тимовите и фановите“, вели Браун за следната сезона, кога на календарот има рекордни 23 трки“, вели Браун.

Scroll to Top