Top Sport

„Ракетата“ на Малиновски недоволна за победа на Аталанта

Аталанта не успеа да се искачи на четвртото место во Серија А, откако примија гол во 94. минута за 1:1 реми со Удинезе

Клубот од Бергамо бргу се созеде од драматичниот колапс против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, за да дојде во водство во 56. минута од мечот со одличниот удар надвор од шестнаесетникот на Украинецот Малиновски.

Меѓутоа, Удинезе во 94. минута преку Португалецот Бето по последниот корнер на мечот успеа да израмни.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top