Top Sport

Контавеит го освои Кремљ со луд камбек!

Анет Контавеит губеше со еден сет и со 0:4 во вториот , пред да направи неверојатен камбек за 4:6/6:4/7:5 победа над Екатерина Александрова во финалето на Кремљ купот во Москва, нејзина 21. победа во последните 23 меча. Ова е трета титула во последните три месеци за Контавеит, кој станува првата Естонка со титула од Москва.

„Чувството е фантастично, а мечот беше многу тежок. Пресреќна сум“, вели Контавеит.

37-рангираната Александрова беше седмата руска финалистка на домашниот турнир, но не успеа да го искористи огромнот оводство, пред нејзината игра да колабира. Александрова на пат до финалето победи три топ 10 тенисерки – Онс Жабер, Арина Сабаленка и Марија Сакари.

Scroll to Top