Top Sport

Ракитиќ добил понуда од Саудиска Арабија

Капитенот на Севилја, Иван Ракитиќ, летово би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Ракитиќ наводно не сакал да влезе во подлабоки преговори со никого бидејќи сака да остане во клубот.

Од друга страна, клубот од Андалузија се наоѓа во катастрофална финансиска ситуација, поради што на секој начин се обидува да го растерети буџетот.

Иако Ракитиќ е важен играч за Севилја, во случај на добра финансиска понуда, тие со задоволство би го продале за да се ослободат од неговата плата, бидејќи тој е најплатен играч во тимот.

Кога фудбалерот ќе се врати од одмор, клубот ќе разговара со него за да се најде адекватно решение кое на сите би им одговарало.

Scroll to Top