Top Sport

Ракитиќ: Би сакал да ми се јави Бартомеу, секогаш можеме да разговараме

Иван Ракитиќ има намера да го одработи договорот со Барселона иако медиумите со месеци шпекулираат дека тој ќе замине од „Ноу Камп“. Хрватскиот репрезентативец има договор со Барселона до 30 јуни 2021 година.

„Навикнат сум моето има да се појавува секаде. Тоа не е ништо ново, тоа се случува две или три години. Меѓутоа кога јас ќе потпишам договор секогаш имам план да го одработам до крај, но исто така сакам и да играм. Тренерот и претседателот не разговарале со мене, не ми кажале дека не сметаат на мене. Сакам да размислувам само за Барселона, но доколку излезе некоја добра понуда…“, изјавил радиото „Копа“ Ракитиќ.

Тој открива дека бил разочаран бидејќи никој од клубот не се огласил по повод шпекулациите за неговото заминување.

„Се надевав дека некој од клубот ќе се огласи и ќе каже: „Ракитиќ останува“. Меѓутоа претседателот Бартомеу ништо не ми кажал. Доколку го слуша ова може утре да ме побара. Со мене секогаш може да се разговара. Би било убаво кога би ми се јавил“.

Иван Ракитиќ медиумите го поврзуваат со Милан, Интер, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севилја, Тотенхем.

Scroll to Top