Top Sport

Ракитиќ бил клучот за трансферот на Нејмар

Барселона има уште пет дена да го договри трансферот на Нејмар. Бразилецот пред две години замина во ПСЖ за рекордна сума од 222 милиони евра.

Вчера делегација на Барселона била во Париз и со колегите од ПСЖ ги „пеглале“ деталите околу можниот трансфер. Како што тврдат шпанските и француските медиуми трансферот бил блиску до реализација, а за да се случи тоа клучен човек бил Иван Ракитиќ.

За потсетување на почетокот на трансфер-сагата ПСЖ од Барселона ја бараа истата сума на пари што ја платија за Нејмар, 222 милиони евра. Од Париз ги одбиваа сите предлози што вклучуваа еден или двајца играчи и одредена сума на пари.

Но откако вчера двете страни постигнале напредок во преговорите, медиумите јавуваат дека проблем во целата приказна за Уснам Дембеле и Иван Ракитиќ.

Тиражниот весник од Каталонија „Спорт“, Барселона се обидува да отвори простор во буџетот за платата на Нејмар. Она што не е добро за Барселона е фактот дека ниту Дембеле, ниту пак Ракитиќ не биле заинтересирани за преселба во Париз.

Хрватот кој се помирил со фактот дека за него нема место во првиот тим, бил заинтересиран за трансфер во Јувентус.

Нова рунда на преговори и тоа на највисоко ниво, со претседателите на клубовите, медиумите најавуваат за в четврток, кога во Монте Карло ќе се одржи ждрепката за фазата по групи во Лигата на шампионите.

Scroll to Top