Top Sport

Ракитиќ дозна дека Барса го понудила на Баерн – Салихамиџиќ не го сакал

Хрватскиот фудбалски интернационалец, Иван Ракитиќ по 6 години поминати во Барселона, минатото лето се врати во Севилја.

Во интервју за германски „Спорт1“ тој разбра дека пред 2 години Барса му го понудила Хрватот на Баерн Минхен, ама германскиот шампион ја одбил понудата.

„Навистина? Не сум знаел дека Барса ме понудила на Баерн. Штета што мојот пријател Хасан Салихамиџиќ така одлучил. Би сакал повторно да играм со Мануел Ноер, мој голем пријател од тој клуб. Сигурно дека за мене би била голема чест да играм за Баерн, она што тој клуб го изгради последните години е чудесно. Иако Баерн е елиминиран од ЛШ, сепак се уште е најпрестижниот клуб во Европа“ рече Ракитиќ.

Scroll to Top