Top Sport

Шок за Рони О`Саливен – останува без титулата уште во второ коло!

Шесткратниот светски шампион во снукер, Рони О`Саливен нема да ја одбрани титулата на Светското првенство во Шефилд откако синоќа загуби во второто коло до Ентони МекГил со 13-12.

О`Саливен добро го почна мечот, поведе со 4-1, но МекГил успеа со пресврт да дојде до 10-5. Потоа следуваше „отрезнување“ на шампионот и земање на 6 фрејмови во низа за водство од 11-10.

МекГил успеа да изедначи на 11-11, но следуваше ново водство на Рони О`Саливен, 12-11.

Со феноменален брејк од 136 поени „предизвикувачот“ израмни повторно, овојпат на 12-12.

Во одлучувачкиот фрејм О`Саливен добро почна, но направи голема грешка, па противникот го искористи тоа и со брејк од 85-тиот поен триумфираше и се пласираше во четвртфинале.

Таму ќе игра против подобриот од дуелот на светскиот шампион од 2015 Стјуарт Бингам и Џејми Џонс.

О`Саливен годинава се обидуваше да стигне до седмата шампионска титула за да се изедначи со рекордерот – Стивен Хендри.

Scroll to Top