Без разлика колку остри ќе бидат стартовите, колку „жешка“ ќе биде атмосферата, зовриени главите на „Ноу Камп“ ова неделно попладне, двајца фудбалери на вечните ривали Барселона и Реал Мадрид ќе се гушнат по мечот – Лука Модриќ и Иван Ракитиќ.
Двојката која ја предводеше Хрватска со шокантното финале на Светското првенство во Русија ова лето, сега ќе се најде на спротивните страни во уште еден монументален меч, во кој можеби тие ќе ја имаат повторно клучната улога бидејќи Реал ќе игра без Кристијано Роналдо, а Барса без Лео Меси, првпат по 11 години.
Пријателството меѓу Ракитиќ и Модриќ не е ново – двајцата се познаваат долго време, Ракитиќ го нарекува Модриќ „брат“, и дури невообичаено за фудбалер на Барселона, тој инсистираше дека токму фудбалерот на Барса треба да ја добие „Златната топка“ оваа година.
Ракитиќ под Ернесто Валверде покрај играта во средниот ред ќе мора да игра и во одбраната, додека Модриќ ќе биде клучен за Мадрид, кои се во „криза“ која сигурно ќе биде заборавена ако тимот на Хулен Лопетеги победи во „Ел класико“.