Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ имал намера да ја заврши репрезентативната кариера, незадоволен од статусот што го имал во репрезентацијата.
Хрватите се во Сплит каде се подготвуваа за квалификацискиот натпревар со Велс и пријателскиот дуел со Тунис. Меѓу повиканите за овое два натпревари го нема фудбалерот на Барелона.
Селекторот Златко Далиќ соопштил дека заедничка била одлуката Ракитиќ да не игра на овие два средби, бидејќи низ целата сезона имал проблеми со повредата на мускулот.
Меѓутоа хрватските и шпанските медиуми ја пренесоа информацијата дека 31 годишниот фудбалер имал намера да ја напуши репрезентацијата. Според овие извори Ракити бил малку лут бидејќи не ја добивал заслужената почит.
Инаку, искусниот фудбалер по завршувањето на Светското првенство во Русија, имал намера да се повлече од националниот тим, но по разговорот со селекторот Далиќ решил и понатаму да биде дел од репрезентацијата на Хрватска.