Top Sport

Ракитиќ: Кога Меси ќе каже нешто, ние сме тука да го следиме

Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата и човекот кој фудбалерите на Барселона повторно ќе чекаат тој да ги предводи против Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите, вели Иван Ракитиќ.

Меси ја освои својата 10. титула во Шпанија во текот на викендот со Барселона, и сега фокусот се префрла на европската круна, која последните три сезони ја освојуваше лутиот ривал Реал Мадрид. Меси има четири трофеи од ЛШ и во среда на „Ноу Камп“ повторно ќе биде човекот од кој ќе се очекува најмногу.

„Кога нашиот капитен ќе каже нешто, ние сме тука да го следиме! Има посебен притисок да се освои Лигата на шампионите, посебно бидејќи Барса играше. Лео е шампион во Ла лига 10 пати во 15 години и тоа што го крена трофејот со посебна радост не мотивира. Знаеме дека сме Барса и тоа што го следиме најдобриот фудбалер на светот ни дава поголема самодоверба. Меси има четири титули од ЛШ, и нема да биде нервозен. Тој е пред нас и ние го следиме“, вели Ракитиќ.

Scroll to Top