Top Sport

Ракитиќ: Не е убаво да си надвор од првите 11, но останувам во Барса

Иван Ракитиќ нема намера да си замине од Барселона до крајот на договорот следната сезона, иако признава дека е исфрустриран од тоа што не е во стартните 11 оваа сезона.

Ракитиќ пристигна на „Ноу Камп“ за 18 милиони евра од Севилја во 2014 година, и оттогаш имаше 299 настапи за клубот со 35 гола. Хрватот освои четири титули од Ла лига и еден од Лигата на шампионите, меѓутоа откако пристигна Френки де Јонг минатото лето, тој веќе нема стартна позиција и имаше само 10 старта во 2019/20.

Се верува дека Барса ќе се обиде да искешира на 31-годишниот Ракитиќ, а шпекулациите го поврзуваа со враќање во Валенсија, но Ракитиќ нема таква намера.

„Зборував со луѓето од клубот пред 10-15 дена и заклучокот е дека немаме што да зборуваме бидејќи имам договор до летото 2021 со Барселона и сакам да играм. Покрај тоа, мојата сопруга и моите ќерки се прилагодија на градот и немам причина да барам нов тим“, вели Ракитиќ.

Тој признава дека би сакал да игра повеќе, но ги почитува одлуките на тренерот Кике Сетиен.

„Не е убаво кога не играш, посебно кога нема да ти ги објаснат причините. Но, тоа е одлука на тренерот и ја почитувам, бидејќи фудбалот е тимски спорт“, додава Ракитиќ.

Scroll to Top