На плоштадите во сите поголеми градови во Хрватска имаше „електрична“ атмосфера, откако „ватрени“ успеаја да се пласираат во големо полуфинале на Мундијалот, победувајќи ја Русија на пенали, за пресметка со Англија за историско финале.
Дека е лудо во Хрватска најдобро знаат нивните репрезентативци, а стрелецот на последниот пенал во серијата, Иван Ракитиќ (кој исто така стрелаше и против Данска), вели дека „гори“ цела Хрватска.
„Неверојатно! Со нас нема едноставно, такви сме. Нека изгори цела Хрватска, нема врска!“, изјави емотивниот Ракитиќ по победата.