Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, остана без двајца важни играчи во пресрет на квалификациските натпревари против Словачка и Азербејџан.
Далиќ не смета на услугите на Иван Ракитиќ и Матео Ковачиќ. Ракитиќ го откажал настапот поради лошиот статус што го има во клубот, додека Ковачиќ имал повреда на Ахиловата тетива.
„Мораме да се помириме со преодниот рок. Сите ги решаваат своите статуси, така што кој не е подготвен подобро е и да не доаѓа. Ситуацијата е таква. Многумина најдоа нови клубови. Перишиќ е во Баерн. Сите тоа им го одзема вниманието“, рекол Длаиќ на прес конференцијата. Тој на местата на Ракитиќ и Ковачиќ ги повикал Марко Рог од Калјари и Мијо Цакташ од Хајдук.
Хрватите в петок ќе гостуваат во Словачка, а три дена подоцна во Баку ќе играат против Азербејџан.