Top Sport

Ракитиќ од јануари во Интер?

Интер и Барселона вечерва ќе го одиграа својот натпревар во Лигата на шампионите. Барселона веќе си ја обезбеди првата позиција во групата, со победа и Интер ќе одат во осмина-финалето.

Гостувањето на Барселона челниците на Интер го искористиле за да ги обноват преговорите околу евентуалните трансфери на Иван Ракитиќ и Артуро Видал, пишуваа италијанската „Газета дело Спорт“ и шпанскиот „Спрот“.
Интер имаат намера да позајмат еден од овие двајца во јануарскиот преоден рок, а по завршувањето на сезоната да го откупат неговиот договор.

Според истите извори прв пик на Интер бил Ракитиќ, чии трансфер не успеаја да го реализираат минатото лето.

Ракитиќ има договор со Барселона до јуни 2021 година и крајот на сезоната е последен рок кога клубот ќе може да заработи добра сума од неговата продажба.

Поради тоа „Газета дело Спорт“ и „Спорт“ пишуваат дека Ракитиќ во јануари ќе заврши во Интер, а по завршувањето на сезоната Хрватот ќе потпише постојан договор кога италијанскиот тим ќе го откупи неговиот договор за сума од 30 милиони евра.

Scroll to Top