Хрватскиот фудбалски репрезентативец кој ги брани боите на Барселона најверојатно во јануари ќе го напушти клубот од „Камп Ноу“.
Каталонски „Спорт“ пишува дека 4 клуба се во трка за неговите услуги. Тоа се Манчестер Јунајтед, Интер, Милан и ПСЖ.
Според пишувањата, Ракитиќ веќе го одбил Јунајтед поради семејни причини, па сега одбира меѓу преселба во Милано или Париз. „Спорт“ тврди дека еден од најбитните фактори во донесувањето на одлуката ќе бидат финансиските услови на договорот.
Хрваткиот фудбалер со години беше неизоставен дел од Барселона, а сезонава одигра прескромни 197 минути за каталонскиот клуб.
Неодамна италијаските медиуми пишуваа дека Ракитиќ ќе оди во Милан, кај сонародникот Звонимир Бобан.
Освен Хрватот, се очекува Барса во зимскиот преоден рок да ја напушти и Карлес Алена за кого се заинтересирани Бетис и Тотенхем