Top Sport

Ракитиќ со порака за Нејмар: Најдобрите играчи не го прават најдобриот тим

Барселона игра подобро без Нејмар, бидејќи „најдобрите играчи не го прават најдобриот“, вели Иван Ракитиќ.

Хрватскиот играч од средниот ред признава дека Нејмар е „еден од најдобрите“, но дека Барселона тимски работеше да не се почувствува неговото отсуство. По трансферот од 222 милиони евра во ПСЖ, постоеја стравувања дека Блауграна ќе има тешко време во Ла лига, посебно откако се повреди и неговата замена Усман Дембеле, но наместо тоа, тимот нема пораз во 15 натпревари.

„Ракитиќ е еден од најдобрите играчи на светот, но понекогаш најдобрите играчи на светот не го прават најдобриот тим. Го надминавме неговото заминување со колективна работа“, вели Ракитиќ во интервју за „Спортске новости“.

Ракитиќ и Барса се подготвуваат за Класико со Реал на 23 декември.

„Еден од двата тима ќе има лош Божиќ. Очекувам добар натпревар и сигурен сум дека можеме до победа. Би било убаво да се заврши така 2017 година“, додава Ракитиќ.

Scroll to Top