Top Sport

Пеп: Челси и Тотенхем барем сакаат да играат фудбал

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола индиректно го критикуваше Жозе Мурињо за неговата фудбалска тактика, велејќи дека ривалите од Тотенхем и Челси „сакаат да играат фудбал“.

Сити направија предност од 11 поени на врвот на Премиер лигата откако победија 16 од првите 17 натпревари, вклучувајќи го лутото манчестерско дерби во неделата. Следни за нив се Тотенхем, кои ако ги победат ќе направат 21 поени предност пред тимот од Лондон.

Сепак, Гвардиола реши да го пофали тимот на Маурисио Почетино, но и Челси, во прикриен „удар“ кон тактиките на Манчестер јунајтед и Мурињо.

„Тотенхем мислам, заедно со Челси, се најдобриот тим кој сака да игра фудбал. Тие не очекуваат другите да играат за нив, ја креираат својата игра и тоа е голем тест за нас“, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Scroll to Top