Top Sport

Ракитиќ повеќе нема да игра за Хрватска

Иван Ракитиќ се повлече од репрезентацијата на Хрватска. Новиот фудбалер на Севилја дресот на Хрватска го носеше од 2007 година, одиграл 106 натпревари, постигнал 15 голови. Со „коцкестите“ во 2018 година го освои второто место на Светското првенство во Русија.

Ракитиќ во репрезентативна пензија заминува како четврти на вечната листа според бројот на настапи во репрезентацијата. Повеќе натпревари за Хрватска од него одиграле само Дарио Срна, Лука Модриќ и Стипе Плетикоса.

На листата на најдобри стрелци Ракитиќ се наоѓа на деветтото место.

Scroll to Top