Top Sport

Ракитиќ промаши пенал во 92.минута – Само бод за Севилја против Осасуна

Осасуна освои бод против Севилја, во последниот меч од саботната програма во Ла Лига. Севилја, со натпревар повеќе, ја пропушти шансата да се доближи на само бод негатива во однос на лидерот Реал Мадрид.

Второпласираната екипа во Ла Лига, не блескаше во Памплона, меѓутоа пропушти шанса да победи.

Во натпревар со малку шанси за гол, најдобрата ја пропушти Иван Ракитиќ во 92.минута.

По прегледувањето на снимката, главниот судија досуди пенал за Севилја. Ударот на Ракитќ го одбрани Серхио Ерера.

Scroll to Top