Top Sport

Ракитиќ: Роналдо ме викна во Јуве, ама Барса бараше 50 милиони евра за мене

Хрватскиот фудбалски интернационалец Иван Ракитиќ вели дека Кристијано Роналдо во 2019 година го убедувал да премине во редовите на Јувентус. До трансфер не дошло затоа што тогашниот клуб на Хрватот – Барселона барал 50 милиони евра отштета.

„Летото 2019-та Кристијано ми се јави и ми предложи да дојдам во Јуве. Ми рече дека во клубот сакаат, но дека е висока сумата од 50 милиони евра што ја бара Барса“ вели Ракитиќ.

Тој остана на „Камп Ноу“ уште една сезона, по што за 1,5 милиони евра беше продаден во Севилја.

Ракитиќ има само пофалби на сметка на Португалецот.

„Роналдо е еден од најголемите на сите времиња. Навистина е уживање да го гледаш“ вели поранешниот играч на Базел, односно Шалке 04.

Scroll to Top