Иван Ракитиќ синоќа бурно ја прослави победата на Севилја над Интер (3.2) во Лига Европа со што го навлекол бесот на челниците и навивачите на Барселона. Ракитиќ има договор до јуни наредната година, но извесно е дека во овој преоден рок ќе го напушти „Ноу Камп“.
Ракитиќ пред да дојде во Барселона три сезони успешно го носеше дресот на Севилја. Со овој клуб во 2014 година го освои трофејот во Лига Европа.
Синоќа, Ракитиќ, се вклучил во живо во програмата на една телевизија од Севилја, а за да покаже колку е среќен поради победата на неговиот поранешен клуб облечен скокнал во својот базен.
„Мундо Депортиво“ денес пишува дека ваквата прослава во Барселона била оценета како непримерна и дека некои од челниците ја доживеале како провокација. Според овој извор тој ќе мора да го напушти клубот.
Инаку Севилја е еден од клубовите кои сакаат да го видат Ракитиќ во своите редови, но само под услов да го добијат како слободен играч.
Ivan Rakitic, Barcelona Player, throws himself into the pool to celebrate the 6th Europa League Trophy of Sevilla. #FCB ??? pic.twitter.com/ML9fGQD1Sg
— Hagrid ✆ (@HagridFCB) August 21, 2020