Севилја 90 минути се мачеше кај новиот прволигаш Кадиз, но во финишот стигна до трите бода, резултатот 1-3.
Тимот од Андалузија пред 3 дена играше Супер куп меч против Баерн Минхен, и тоа 120 минути. Играчите беа преморени, но собраа сила за нови искушенија.
Окампос ја затресе мрежата на домаќините уште во 9 минута, но по ВАР асисенција голот беше поништен.
Во второто полувреме, уште на почетокот Санчез погоди за домашно водство 1-0.
Севилја израмни во 65 минута, стрелец Лук Де Јонг.
Тој резултат беше актуелен се до 90 минута, а тогаш Ел Хадади стрелаше за предност од 1-2. Точка на победата стави старо-новиот играч на Севилја, Иван Ракитиќ во судиското надополнување.
На натпреварот меѓу Ваљадолид и Селта Виго, кој се играше во истиот термин имаше поделба на бодовите, 1-1.