Top Sport

Тешка повреда на Ребиќ, „Росонерите“ веднаш бараат друг фудбалер

Фудбалерот на Милан, Анте Ребиќ на денешниот меч против Кротоне тешко се повреди по еден пад на тревникот откако трчаше во контра-напад. Веднаш се исправи, но левата рака ја придржуваше со десната. Делуваше ужасно.

Не беше познато каква е повредата, но првично се чинеше дека се работи за повреда на рамото. Веднаш потоа тој е пренесен во болница.

Италијанска „Gazzetta dello Sport“ открива дека му е дијагностицирано исчашување на лактот на левата рака, а првичните прегледи векат дека нема скршеници.

Сепак, раководството на „Росонерите“ има причини за загриженост. Златан Ибрахимовиќ има коронавирус, Рафаел Леао не е подогтвен, а сега и повредата на минатосезонското освежување на екипата, Ребиќ се повреди. Останува целиот товар на 18-годишниот Лорензо Коломбо.

„Газета“ открива која ќе биде следната реакција на Милан.

„Милан веќе тргна во преговори со 20-годишен левокрилен напаѓач Јенс Петер Хуге од Бодо Глимт, кој ги импресионираше на мечот во четвртокот, во ЛЕ. Тогаш младиот Норвежанец постигна и асистираше еден гол. Хуге игра на лева страна и доаѓа како замена за Ребиќ“ – пишува спортскиот весник.
Еве како изгледаше падот на Ребиќ:

Scroll to Top