Top Sport

Ракитиќ за 90 милиони евра си оди од Барселона

Финишот на летниот преоден рок би можел да мине и во знакот на хрватскиот репрезентативец од Барселона, Иван Ракитиќ (30).

Каталонскиот весник „Спорт“, објави дека ПСЖ сериозно е заинтересиран за услугите на Ракитиќ и дека од Париз ќе биде испратена понуда која во Барселона нема да можат да ја одбијат.

Истиот извор тврди дека ПСЖ на Барселона ќе и понуди 90 милиони евра за хрватскиот репрезентативец.

„Спорт“, коментира дека иако откупната клаузула во договорот на Ракитиќ изнесува 125 милиони евра, дека Барселона со задоволство ќе прифати 90 милиони евра за фудбалер што има 30 години. На трансферот немал да се противи ниту Ракитиќ, за кого ова, според весникот е последна шанса да дојде до богат договор.

Единствено што можело да го спречи трансферот е фактот што Барселона нема подготвено замена за Хрватот, иако со недели се шпекулира дека клубот води преговори со Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Scroll to Top