Top Sport

Маркизио на пат кон Зенит

Клаудио Маркизио кој неодамна го раскина договорот со Јувентус добил неколку интересни понуди за продолжување на кариерата. Се шпекулираше дека поранешниот италијански репрезентативец ќе се пресели во Монако, меѓутоа во трката за неговиот потпис се вклучиле и руски Зенит од Сантк Петербург и Спортинг од Лисабон.

Според последните случувања, Маркизио, кој со исклучок на една сезона кога беше во Емполи, целата досегашна кариера ја минал во Јувентус, сега е најблиску до трансфер во Зенит.

Зенит на „Малиот принц“, му гарантирал место во стартната пистава и многу поголема плата од онаа што ја имал во Јуветус и што во моментов можат да му понудат Монако и Спортинг.

Маркизио, исто така, добил понуди и од Монтреал Импакт и Њујорк сити, но не бил заинтересиран да оди преку Атлантикот.

Scroll to Top