Top Sport

Раководството контра Мурињо, прво продај потоа купувај

Раководството на Манчестер jунајтед ќе го извести менаџерот Жозе Мурињо дека ќе мора да продаде некои фудбалери доколку сака во јануарскиот преоден рок да донесе нови играчи.

Како што пренесе Би би си раководството има намера да има контрола врз сметките пред да дозволи клубот да издвои нови сретства за засилувања.

Мурињо за две години на „Олд Трафорд“ само на засилувања има потрошено 285 милиони фунти.

Финансиските резултати објавени во септември покажуваат дека трошиците за плати во клубот пораснале за 13,5 отсто и дека изнесуваат 263, 5 милиони фунти.

Откако Мурињо ја презеде функцијата, во мај 2016 година, од клубот заминаа 16 фудбалери, но Јунајтед заработи само од продажбите на Мемфис Депај (16 млн фунти) и Морган Шнидерлин (22 млн фунти). Исто така клубот го напуштија Вејн Руни и Бастијан Швајнштајгер кои имаа големи плати.

Сасега јасно е дека клубот ќе го напушти Лук Шо, додека неизвесна е судбината на Маруан Фелаини.

Шо во 2014 година беше платен 27 милиони фунти, но тој оваа сезона нема одиграно натпревар. Поради тешката повреда и лошата форма, Шо, последната година одигра само четири натпревари.

Фелаини од друга страна има договор до крајот на сезоната и тој во јануари ќе може да преговара со други тимови, а засега најсериозен интерес за Бегиецот покажува Бешикташ.

Манчестер Јунајтед по 11 натпревари во Премиер лигата се наоѓа на второто место на табелата со 23 бода, осум помалку од лидерот Сити.

Scroll to Top