Top Sport

Неверојатната „класа 2009“ на Ред бул

Пред осум години, академијата на Ред бул се состоеше од пет млади момчиња, од кои неверојатно сите добија шанса во Формула 1, со различен успех.

Карлос Саинс јуниор, Брендон Хартли, Жан-Ерик Верњ, Данил Квјат и Даниел Рикјардо можат да благодарат на австриско-тајландската компанија за производство на енергетски пијалоци за неверојатната шанса да се натпреваруваат во врвот на мотоспортот.

Верњ и Квјат веќе заминаа од Формула 1, иако Русинот се надева на место во 2018 година. Саинс јуниор е „позајмен“ возач на Рено за 2018 година, Хартли ќе добие шанса во Торо росо, додека Даниел Рикјардо е возачот со најголем успех и „столб“ на тимот на Ред бул.

 

Scroll to Top