И покрај тоа што се појавија „проверени“ вести дека врската е „мртва“ – фудбалерот на Марсеј, Адил Рами очигледно уште е заедно со канадската актерка и вечниот секс-симбол, Памела Андерсон.
Според претходните шпекулации, кога Рами ја побарал за сопруга Андерсон, која се пресели во Франција да биде поблиску до фудбалерот, таа го одбила и ја прекинала врската. Меѓутоа, тоа очигледно не е точно, откако фотографите во Франција ги уловија 51-годишната Андерсон и 32-годишниот светски шампион во еден елитен ресторан во Париз.