Top Sport

Адил Рами ја побара за жена, Памела Андерсон му раскина

Памела Андерсон ја прекинала врската со француската фудбалска ѕвезда Адил Рами само неколку дена откако тој ја побарал за жена, јавува американскиот портал „ТМЗ“.

Според нив, Рами, со кого Памела беше во врска повеќе од една година и поради кој се пресели во Франција (тој игра за Марсеј) и дал прстен „Картие“ по освојувањето на титулата од Светското првенство во Русија, по што пред неколку дена ја побарал за жена, но канадската актерка рекла не.

Таа исто така се иселила од заедничкиот стан, а скапиот прстен го дала на својот најстар син, Брендон.

Scroll to Top