Top Sport

Рамос: Би го прифатил Меси во Реал, јас никогаш не би играл за Барселона

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, не би имал ништо против доколку Лионел Меси дојде во „кралскиот клуб“. Договорот на Меси, истекува по завршувањето на сезоната, а тој се уште не решил дали ќе остане во Барселона, но секако невозможно е тој да се пресели во редовите на најголемиот ривал.

Во слина позиција се наоѓа и Рамос. Тој нема постигнато договор со Реал дали ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната.

Шпанските новинари ги интересирало како тој би реагирал доколку Меси би потпишал договор со Реал.

„Дали би го прифатил Меси? Сто отсто. Без дилема. Дури би го поканил на гости, за да му помогнам (се смее), нека спие кај мене додека не се прилагоди. Многу патевме поради него, би било убаво да дојде“, рекол Рамос и дополнил.

„Сепак, јас никогаш не би играл за Барселона, ни за 50, ни за 70 милиони евра годишно. Постојат некои работи што не се купуваат со пари. Невозможно е јас да играм за Барселона“.

Потоа проговорил за својата иднина.

„Сакам со чиста совест да го напуштам Реал. Не знам дали ќе заминам денес, утре или за пет години. Се надевам дека ќе останам долго овде, но тоа не зависи само од мене“.

Капитенот на Реал, смета дека Халанд и Мбапе се уште не можатд а се споредуваат со Меси и Кристијано Роналдо.

„Имаат светла иднина, но Меси и Кристијано се 15 години на врвот“.

Серхио Рамос е во Реал од 2005 година, кога „кралскиот клуб“ за неговиот трансфер на Севилја и плати 30 милиони евра.

Scroll to Top