Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вели дека ужива во одговорноста да ги изведува клучните пенали за клубот, но вели дека не му е многу грижа за индивидуалните рекорди бидејќи во спротивно ќе избрал спорт како тенис.
Вторпат во четири дена, Рамос го постигна единствениот гол од пенал за Мадрид, овојпат за 1:0 победа над Атлетик Билбао на „Сан Мамес“ за седма победа во низа и предност од 7 поени пред дуелот Вилјареал-Барселона. Тој сега има пет гола во последните седум меча и 120 гола во кариерата, импресивна бројка за дефанзивец.
„Мислев само на трите поени. Во тие моменти на сомнеж од белата точка се чувствувам најудобно. Сакав да ја преземам таа одговорност, бидејќи најважен е резултатот. Најважно е да се помогне тимот да победи. Индивидуалните резултати се на второ место. Најверојатно ќе играв тенис да бев заинтересиран за такви работи. Ова е прекрасен спорт, тимско натпреварување и убаво е да се победи како тим“, вели Рамос.
Реал го има Серхио Рамос! Капитенот пак им донесе победа со гол од пенал! (видео)