Серхио Рамос е 17 фудбалер кој ќе може да се пофали дека ја делел соблекувалната со Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Имињата на Португалецот и Аргентинецот за се она што постигнаа во досегашните кариери ќе бидат испишани со златни букви во фудбалската историја.
Само 17 фудбалери досега ја имале привилегијата да ја делат соблекувалната со Меси и Роналдо.
Последен од нив е Серхио Рамос, кој во актуелниот преоден рок, исто како и Меси, се пресели во ПСЖ.
Претходно тоа им успеало на Џерар Пике, Анхел Ди Марија, Карлос Тевез, Паоло Дибала, Гонзало Игуаин, Хенрик Ларсон, Габриел Хајнце, Ферандо Гаго, Андре Гомеш, Нелсон Семедо, Езекиел Гарај, Деко, Миралем Пјаниќ, Артур, Франсиско Тринкао и Мартин Касерес.