Top Sport

„Рамос е најдобар, ќе игра уште шест години“

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, според неговиот поранешен соиграч Рафаел ван дер Варт е најдобриот одбранбен фудбалер во светот. Рамос има големи заслуги за титулата во Ла Лига која оваа сезона ја освои Реал.

„Сметам дека тој е најдобриот дефанзивец во светот“, рекол Ван дер Варт.

„Кога јас бев во Реал тој имаше 21 или 22 години. Енергијата извираше од него, сакаше да биде секаде и да прави сѐ. Сега е поинаков. Созреа, го користи својот талент на најдобар можен начин. Стана машина. Неодамна го гледав и се запрашав колку години има. 34? Сигурен сум дека на ова ниво може да игра уште шест години“.

Реал за три дена ќе го одигра осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Рамос ќе го пропушти дуелот поради суспензија, тој во финишот на првиот меч кој заврши со победа на Сити (2:1) доби црвен картон.

Scroll to Top