Серхио Рамос го предводеше Реал оваа сеозна до шампионската титула во Ла Лига. Дефанзивецот во Ла Лига одигра 35 натпревари, постигна 11 голови.
По освоената титула капитенот од клубот побарал зголемување на платата. 34 годишникот има плата од 12 милиони евра, според медиумите тој од претседателот Флорентино Перез побарал плата од 18 милиони евра.
Наводно Рамос добил исклучително добра понуда од кинескиот Гуангжу Евергранде. Кинезите биле подготвени да му исплатата 22 милиони евра по сезона, а веќе по понудиле две годишен договор.
Желбата на Рамое е да остане во Мадрид, но прашање е дали ќе го убеди Перез да му ја покачи платата.
Досегашните искуства покажуваат дека Перез нема покажува сентименталност кон своите ѕвезди, такви се примерите со Раул, Икер Касилјас, Анхел Ди Марија, Кристијано Роналдо.