Легендарниот шпански репрезентативец Серхио Рамос (38) ќе потпише договор со саудискиот клуб Ал Оробах, пренесува белгискиот новинар Саша Таволиери.
Договорот на Рамос со Севилја истече летово, клубот не му понуди нов, а тој нема намера да се пензионира, туку реши да заработи уште некое милионче во Саудиска Арабија.
За разлика од Таволиери, неговиот колега Фабрицио Романо известува дека се уште ништо не е сигурно бидејќи Рамос има некои други понуди.
Рамос е поранешен капитен на Реал Мадрид, а настапуваше и за ПСЖ. Тој е двократен европски првак со Шпанија, со која беше и светски првак. Најдобрите години во кариерата ги мина во Реал, со кого освои четири Лига на шампиони и пет шампионски титули во Шпанија.