Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос доби повреда на потколеницата и ќе биде во аут најмалку три недели, пропуштајќи ги мечевите со Леганес, Атлетик Билбао и Хетафе.
Рамос имаше 39 настапи за „Лос бланкос“ оваа сезона, во која постигна дури 10 голови, што е одличен скор за дефанзивец. И покрај ова, Реал имаа катастрофална сезона во која веќе се елиминирани од Копа дел реј и Лигата на шампионите, а во Ла лига се на третото место со 60 поени, 13 помалку од лидерот Барселона на само седум меча пред крајот на сезоната.
Тимот на Зинедин Зидан сега ќе мора да игра без својот капитен, откако тој одигра 90 минути во 2:1 поразот од Валенсија на 3 април, но три дена подоцна не играше против Еибар. Поради слична повреда тој во јануари 2018 година паузираше речиси цел месец.
Parte médico de Sergio Ramos. #RealMadrid https://t.co/pAWx7r2AyH
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) April 12, 2019