Top Sport

Рамос ќе почека на дебито за ПСЖ

Серхио Рамос ќе почека на дебито во дресот на ПСЖ. Шпанецот, поради повредата, тренира индивидуално и не е познато кога ќе може да му се стави на располагање на тренерот, Маурисо Покетино.

„Серхио Рамос ќе продолжи да тренира индивидуално, со нашиот медицински тим и во наредните 10 дена“, соопшти ПСЖ.

Рамос, летово по 15 години го напушти Реал Мадрид и како слободен играч се пресели во Париз.

Scroll to Top