Top Sport

Рамос ќе замине од ПСЖ

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, по завршувањето на сезоната ќе го напушти ПСЖ. 35-годишниот фудбалер, минатото лето потпиша две годишен договор со ПСЖ, но извесно е дека тој ќе замине по само една сезона.

Рамос, не успеа да се наметна во Париз. Од почетокот на сезоната, одиграл само пет натпревари, на два од нив на теренот минал 90 минути.

Шпанецот има проблем со повредите, поради што последниот меч го одигра на 23.јануари.

Scroll to Top