Top Sport

Рамос контра Гризман: Тој мисли дека е ист со Меси и Роналдо? Каква глупост!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не се согласува со тврдењето на Антоан Гризман дека Французинот е на исто ниво со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, објаснувајќи дека „глупоста е многу храбра“.

„Дали сум на исто ниво со Роналдо и Меси? Да, мислам дека сега ме гледаат во такво светло. Има многу нови добри фудбалери како Нејмар и Мбапе, но јас сум поинаков фудбалер и можам да бидам уште подобар“, изјави Гризман.

Рамос само со потсмев гледаше кон оваа изјава.

„Гризман вели дека е на иста маса со Кристијано и Меси? Глупоста е многу храбра. Се сеќавам на Раул, Франческо Тоти, Икер Касилјас, Паоло Малдини… Луѓе кои ги освојуваа сите титули и немаа ’златна топка’. Секој е слободен да има свое мислење, но ова момче треба да добие малку совети од Симеоне, Диего Годин и Коке, кои имаат некои вредности кои можат да му помогнат“, изјави Рамос.

Со ова се продолжува „тивката војна“ меѓу двајцата фудбалери, која се „вжари“ кога Гризман по победата на Атлетико во европскиот Суперкуп објави фотографија на која Рамос му ја става круната.

Гризман: Во рангот сум на Меси и Роналдо

Scroll to Top