Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадоне го пофалил Серхио Рамос, но сепак како дефанзивен феномен го посочил Уругваецот Диего Годин.
Рамос по оваа изјава не му остана должен на легендарниот Марадона и го „удри“ онаму каде што најмногу го боли, по неговото достоинство.
„Јас го почитувам Диего, тој беше гигант. Ми се чини дека е феномен, но сигурен сум дека аргентинскиот народ знае дека Марадоне е светлосна година зад најдобриот, а тоа е Лионел Меси“, рекол Рамос по натпреварот со Иран (1:0) во Казањ.