Дефанзивецот на Реал Мадрид и на шпанската фудбалска селекција, Серхио Рамос е на чекор до големо достигнување во репрезентативната кариера.
Доколку вечерва Шпанија ги совлада Фарските острови, стоперот ќе стане играч со најмногу победи кај „црвената фурија“.
Моментно рекордот го држи Икер Касилјас со 121 победа на 167 меча што ќе рече дека има 72,4% успешност.
Рамос својата 122. победа би ја достигнал на својот 164. настап за Шпанија.
Следни на вечната листа се Чави Ернандес со 100 победи на 133 меча и Андрес Иниеста со 96 триумфи на 131 меч за „фуријата“.
По ова, Рамос може да нападне уште еден рекорд во сопственост на штотуку пензионираниот голман, Касилјас. Се работи за годините поминати во дресот со државниот грб.
Икер за Шпанија настапуваше 16 години.