Top Sport

Големиот Омејер со солзи во очите рече: Доста е!

Не можеше да ги сокрие емоциите, заврши на рацете на соиграчите и им се заблагодари на сите за кои мислеше дека треба тоа да го направи. Иако планираше да “издржи“ до Токио, до ОИ, сепак неколку месеци пред да наполни 43 години рече: Доста е!

Синоќа големиот ракометен голман, Тиери Омејер послед пат се најде меѓу стативите. Французинот последниот меч во кариерата го одигра за ПСЖ против екипата на Сесос (ПСЖ победи со 29-20, а Сесон заврши во втора лига).

И на овој, последен ме, „Тити“ Омејер собра 15 одбрани, а постигна и еден гол.

Неговиот последен ракометен настап во живо со салата во Париз го следеа францускиот селектор Клод Онеста, легендарниот Џексон Роџардсон и 116 членови на семејството на Омејер.

Синоќа Омејер со ПСЖ ја освои титулата француски шампион, негова десетта. Во пребогатата кариера има четири титули европски клупски првак, еднаш светски клипски првак, и еден освоен Супер куп.

Во кариерата освои и две олимписки злата, петпати беше светски и трипати европски првак со Франција.

Scroll to Top