Top Sport

Рамос му „плесна“ на Клоп: Тоа не беше прво финале кое тој го загубил

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не сакаше да „остане покус“ во дискусијата со тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откако тој го посочи токму Шпанецот како фудбалер кој не треба да е пример за младите фудбалери.

Рамос стана непријател број 1 на фановите на Ливерпул, откако прво во еден дуел во финалето на ЛШ во Киев му го измести рамото на Мохамед Салах, а потоа се откри дека и еден удар над голманот Лорис Кариус му дал потрес на мозокот. Мечот на крајот заврши со 3:1 победа за Реал Мадрид за трета титула во низа од ЛШ.

Клоп уште не го заборавил мечот, нарекувајќи го неодамна шпанскиот интернационалец „борач“, а потоа додаде дека повеќе би сакал да биде „лош губитник“ отколку победник на начин како што победува Рамос.

Рамос не сакаше да зборува за тоа, но мораше да го „пецне“ Клоп.

„Нема да сум под стрес за оваа тема. Секој има свое мислење и тоа треба да се почитува. Немав намера да го држам Мохамед Салах за рака, но тој прв ме грабна. Ако Јирген Клоп сака тоа да биде причината за поразот, нека биде така, но ова не е прво финале кое тој го загубил. Сепак, јас го ценам и гласав за него во изборот за тренер на годината“, изјави Рамос пред Суперкупот на УЕФА во Талин, Естонија, каде што Реал ќе игра со Атлетико Мадрид.

Клоп: Подобро да сум лош губитник, отколку да победувам како Рамос

Scroll to Top