Top Sport

Клоп: Подобро да сум лош губитник, отколку да победувам како Рамос

Во Ливерпул очигледно уште не „закрепнале“ по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид, откако менаџерот Јирген Клоп повторно го нападна капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос и менталитетот за „победи по секоја цена“.

Рамос во финалето во Киев, прво го „собори“ Мохамед Салах, кој го повреди рамото, за потоа да има „судир“ со голманот Лорис Кариус, по кој Германецот наводно доби потрес на мозокот и направи две грешки во 3:1 поразот.

Клоп повеќе пати го опиша Рамос како брутален и безмилосен, а сега во интервју за „Спорт 1“, вели дека не сака да биде како него.

„Не сакам да победувам по секоја цена. Секако, би сакал да ја имаме титулата од Лигата на шампионите, но не така. Не очекувам од Рамос да има такво мислење. Многумина кажаа дека такви работи се случуваат, но која е пораката која ја праќаме до нашите деца, дека е најважно да се победува? Тогаш би бил среќен да си замина од оваа планета за 40 години. Дали сум добар губитник? Не. Реал Мадрид заслужи да ја освои титулата од ЛШ, никој не кажа ништо околу тоа. Но, дали мора да има вакви ситуации со Рамос? Не, сигурно дека не мора“, објаснува Клоп.

Scroll to Top